Чекајќи го спец обвинителот власта си брка работа – „Пуч“денеска за Заев

од Vladimir Zorba
113 прегледи

 

Специјалниот обвинител  на Хан е далеку од договор. Владеачката ВМРО ДПМНЕ заедно со коалиционерите ДУИ И ДПА, се обидуваат да го влече целиот процес,  катадневно нафрлајќи по некоја дилема , де закон, де како ќе работи, де каде ќе работи, де независен од кого, а СДСМ тврдоглаво чека и гледа во часовникот и календарот кога ќе дојде 15 ти септември.На иста линија се веројатно и странците кои немаат друго,  освен тоа  подготвеното под маса,  во оваа меѓувреме , да им го тупнат точно на 14  на маса. И така  во стилот на „шумарот“ соопштат ајде сеа ке викнеме медиуми доста се игравте и кажете дека сте  се договоил  да имате специјален, кога не умеевте да го искористите нормалниот обвинител.суд

Сепак денешниот ден е тестот. Второто продолжение на судскиот процес„ Пуч“ за кој опозицијата и адвокатите на Зоран Заев велат дека е договорено да го работи специјален обвинител, а Груевски и неговите судии си тераат демек не слушнале.Власта си брка работа, демек системот си функционира,  а тие се за правдата и нема запирање на процесите, особено тие против лидерот на опозицијата Заев.

На денешното  закажано рочиште лидерот на СДСМ, Зоран Заев ако не се појави во судница, судијата се очекува да побара негово стражарно приведување. Бидејќи не дојде на првото судење таа му препрати нова покана со назнака дека ако не дојде ќе му испрати полиција која ќе го спроведе до судница.

Заев најави дека не го признава овој суд, не сака да го судат овие судии и нема да оди на рочиштата, а ако сакаат да го најдат ќе биде во седиштето на СДСМ или во општина Струмица.

Неговите адвокати и на судијата и рекоа дека Пуч ќе се одлага се додека не се избере специајлниот обвинител и не го презеде предметот во кој тој е обвинет за насилство спрема највисоките државни органи.

Денеска ќе видиме кој што сака, кој кого слуша  и кој што може. Илинденска бб, Бихаќка  или Брисел! Денеска ќе го добиеме прецизниот одговор ,за специјалниот обвинител, барем тоа што ќе работи!

Ад.