[РЕЦЕПТ] Печена зелка со сос од сирење

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Придобивките од зелката не се една или две.Таа го помага слабеењето, пријател е на мозокот и кожата, како и служи како “детоксификатор” за организмот.

Освен тоа зеленолистното растение помага при главоболка и за регулирање на шеќерот во крвта. Треба ли уште причини за да го консумирате почесто?

Освен во салата, зелката може да биде зготвена и печена во рерна. Особено кога кон неа се додаваат вкусни сирења – добивате вкусно и неодоливо јадење!143214f7befb15e5235c2406e3f9c804

За осум дози од овој рецепт се потребни 45 минути во кујната и следните производи:

– 1 средно голема зелка – ситно сечкана на 8 парчиња;

– 2 лажици масло плус екстра за садот;

– 2 лажици брашно;

– 1 чаша и половина млеко;

– 1 тегла начос сос од сирење;

– Сол и бибер по вкус;

– 1 чаша рендано сирење со зачини по избор;

– 1 мала лута пиперка – ситно сечена (без семки);

– Црвен пипер;

Начин на приготвување:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте доволно голема тава со масло. Во тоа време загрејте посолена вода и додека се вари за 1-2 минути оставете во неа исечени парчиња зелка. Потоа исушете ги многу добро и наредете ги во садот.

Фото: thepioneerwoman.com

2. Во нелеплива тава стопете путер. Измешајте го со брашно и гответе 1-2 минути.Додадете и млекото и гответе додека смесата се згусне. Исклучете ја топлината и додадете тегла Начос сос од сирење. Посипете со сол и црн пипер. Промешајте. Потоа додадете рендано сирење и повторно промешајте.

Фото: thepioneerwoman.com

3. Готовата смеса истурете ја врз зелката, за се покрие доволно секое едно парче. Посипете со црвен пипер и ставете од тркалцата лута пиперка на зелката. Печете во рерна околу 20 минути.

Фото: thepioneerwoman.com

4. Послужете во чинија. Добар апетот!

Фото: thepioneerwoman.com