Предлогот на поранешниот француски претседател Никола Саркози во Бугарија или Србија да бидат изградени прифатни центри за бегалци, каде мигрантите да бидат сместени пред нивното влегување во земјите од Европската унија / ЕУ / наиде на отпорот на поранешниот директор на Агенцијата за воено разузнавање во Белград Момир Стојановиќ. Само пред неколку недели Стојановиќ, кој е во раководството на Српската народна партија ја шокираше јавноста со информацијата дека ЕУ сака Србија да изгради бегалски град за 400 000 луѓе. Многу брзо, меѓутоа голем број официјални лица во Белград ја демантираа оваа вест.

“Изјавата на Саркози ги потврдува моите податоци, но овој предлог е неприфатлив за Србија. Предлагам на Никола Саркози овие кампови да бидат изградени во Франција или во некоја друга економски посилна земја од Унијата”, рече Стојановиќ. Според него, ако Србија биде приморана да ги изгради овие центри, никој не може да гарантира дека потоа ЕУ ќе ги прифати овие бегалци.
“Се плашам дека на крајот голем дел од нив ќе останат во Србија, освен тоа нема да може да издржи економски на овој товар”, вели поранешниот разузнавач и праша: Но, зошто овие центри да бидат во Бугарија и Србија, а не во Турција, која граничи со Ирак и Сирија, или пак во Грција! Или му предлагам на Никола Саркози овие кампови да бидат изградени во Франција, рече Стојановиќ.