Гаф се случи на церемонијата на доделувањето на наградата на победникот Роман Власов (Русија). во категоријата до 75 килограми на Светското првенство во борење во Лас Вегас (САД)
Американците ја погрешија химната на Русија за време на церемонијата, што не му се допадна на Власов. Борачот почна да мавта кон организаторите, а дел од публиката ги исвиркаа.
Власов сепак го доби своето и по аплауз од навивачите, ја чу и химната на Русија.