Разузнавачот Слободан Богоевски останува на она што тој, во својство на сведок, го изјавил пред судот во Њујорк, во врска со случајот „Маѓар телеком“.

Во изјава за „Утрински весник“, поранешниот директор на Службата за државна безбедност, потврди дека сето она што како негов исказ се објавува деновиве е тоа што тој го изјавил.
Поранешниот директор на Службата за државна безбедност, во изјава за „Утрински весник“, вели дека нема намера самиот себеси да се коментира, а дека оние кои демантираат, имаат такво право.