Сведочењето на Богоевски ги стави во клинч ВМРО ДПМНЕ и ДУИ ?

од Vladimir Zorba
77 прегледи

Али Ахмети не можел да дојде на прослава за Денот на независноста на Македонија во Собранието заедно со сите пратеници бидејќи „гледал фудбал“,  а не доjде ни ден потоа на свечената академија да го слуша обраќањето на премиерот Никола  Груевски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и негов колиционен партнер во заедничката влада. Објаснување нема.

ахмети

Сѐ ова се случува по објавувањето на тврдењата за корупција и земени милионски суми на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговите челници во случајот „Маѓар Телеком,“  Информациите произлегуваат од сведочењето на поранешниот директор на тајната полиција пред Њујоршки суд Слободан Богоевски,  за што Ахмети  и ДУИ експересно најавија тужби и кривични, негирајќи ги информациите.

Е сега малку е нејасно кого ќе го тужи Ахмети? Слободан Богоевски, кој е  сведокот и кој ги има доказите, ќе го тужи Њујоршкиот суд или Министертвото за правда кое ги објави информациите, а потоа од нив ги пренесоа повеќе портали. Индикативно во целата приказна е што целиот текст излегува дека тргнува од Утрински весник, сопственост на МПМ , кои патем се доста блиски со челниците на партијата на власт ВМРО ДПМНЕ, а сѐ тоа директно пука врз ДУИ !?

Разузнавачот- сведок Слободан Богоевски , вели дека  држи до тоа што го изјавил пред судот, нема што сам себе да се коментира, а тие имаат право да си демантираат. Тој додава дека не смее ништо повеќе да додава од дадениот исказ бидејќи тоа може да ја врати процедурата и повторно одбраната да бара нови сведочења, а  и не смее да дава изјави бидејќи е на издржување казна затвор.

И бидејќи тој не е изворот, дали тоа значи дека партијата на власт ја отвора приказната против ДУИ,  која дефинитивно е сериозен удар за партијата на Ахмети, во која и онака не цветаат рози. Такво силно сведоштво поткрепено со докази,  неслучајно во овој тајминг кога се кршат преговорите околу испораката и спроведувањето на договорот од Пржино?

Иако ДУИ паѓа во рејтингот кај своето членство и командантите, одамна ја нарекуваат тендер партија, шефот на кабинетот Артан  Груби вели дека сѐ  е спин,  и  некој сака да ја урниса партијата пред предвремените избори во април. Сите молчат, и посочениот Ахмети и неговиот  Џафери, и третиот посочен Касами. Само Груби  во својот текст насловен „Во служба на ѓаволот“  коментира дека оваа  е сценарио  на македонските политички кујни, со апокалиптични размери , и  е атак врз единствената албанска партија која е изворна и не произлегува од тајните полициски служби.ali-ahmeti-gruevski-500 (2)

Дали тоа значи тоа дека ДУИ мисли на ВМРО ДПМНЕ, на овие или оние „тајни служби“,  се отворени прашања и дилеми бидејќи никој не се изјаснува !? Дали и поради тоа Ахмети и пратниците на владеачката ДУИ   ја игнорираа прославата на Денот на независноста на државата  Македонија во која тие се власт за Албанците во Македонија?

Што сѐ има друго во сведочењето на Богоевски, тоа е исто така интересно да се допрочита, а особено кој сѐ знаел за оваа сведочење пред тоа. Кои се имињата на другите сведоци, и кои функционери се инволвирани во процесот, зошто тие молчеле до сега, е исто отворено но битно прашање за процесот и состојбите. Колку сѐ тоа не доведе до оваа политичка криза ?

Многу е индикативно зошто токму сега Американците го отвораат јавно  ова досие, дали дека некој постојано ја држи и ја блокира истрагата,  дали за да му  се отворат нови видици и придодадат нови предмети  на специјалниот обвинител, или да се потсетат актерите во преговорите за надминување на политичката криза , дека докази има,  има и суд,  има и правда, и  не е битно каде и кога, таа ќе биде спроведена.

Веројатно како што  велат правните експерти ,бидејќи  овој  предмет е дел  и од содржината на „бомбите“, треба да биде дел и од предметите на специјалниот обвинител,  но како и да биде по пресудата на американскиот суд ќе следат кривични  гонења  и казни до сите инволвирани во предметот, што државите ќе мора да ги спроведуваат и Грција и Унгарија, а богами и Македонија.

Ад