5 неделна диета со 1350 калории

од Vladimir Zorba
145 прегледи

Секоја жена сака да изгледа совршено. Првото нешто што го посочуваме кога сакаме целосна промена, е тежината.4d77b7364547116d9673454ac074a5d9

Слабеењето е проблем број еден на илјадници жени во светот. Како ем да ослабнеме, ем да не гладуваме?
Сметајќи ги калориите! Ќе ви претставиме диета која вклучува 1350 калории на ден. Тие се доволни за да го држите стомакот сит во текот на денот, но се и доволно за да ослабете. Еве и примери од диеталниот план за еден ден:

Појадок (400 калории)
Во блендер измешајте 1½ чаша млеко од 1%, 1 банана, 1 чаша спанаќ, 2 лажици овесни снегулки, 1 лажица ленено семе, 1 лажичка мед. Измешајте и испијте ја смесата.
Оваа прекрасно здраво смути ќе го држи подалеку гладот ​​дури до ручек.

Ручек (400 калории)
Пилешка салата “Коб”
Измешајте 2 чаши зелена салата, ½ чаша рендан морков, ¼  авокадо, 1  варено јајце, 150 гр печено пилешко (бело месо) и 2 лажици балсамико оцет.

Вечера (400 калории)
Печено пилешко со компири и брокула
Загрејте ја рерната на 200 степени. Намачкајте со малку масти 200 г пилешко филе. Печете го за околу 30 минути.
Во тоа време подгответе го останатото – исечете 2 мали компира на парчиња, 2 розички брокула, 2 лажици маслиново масло, сол и бибер по вкус. Промешајте го зеленчукот и  додадете го на месото за уште 30 минути.
За гарнир можете да додадете 2 лажици сирење и 1 лажица црвен вински оцет.

Ужини (150 калории)
Бар од јаболко
Исечете едно јаболко на ситно. Загрејте го во микробранова за 3 минути. Одозгора посипете со 2 лажици мусли. Прелијте со 100 г јогурт.
Парфе со јогурт
Измешајте ½ чаша јогурт од 2% со 2 лажици какао во прав. Додадете 1 лажица мед. Одозгора посипете со 2 лажици ореви и малку кокос.