Влошената безбедносна ситуација во Турција, главно во курдскиот југоисток, каде примирјето меѓу владините сили и курдските бунтовници беше прекршено, ќе го отежни спроведувањето на планираните за ноември избори. Ова го изјави лидерот на прокурдската Народна демократска партија, цитиран од “Ројтерс”.
Од јули наваму во југоисточниот дел на земјата речиси секојдневно се јавуваат судири меѓу екстремисти од забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК) и силите за безбедност. Тензиите дополнително го зголеми судирот со екстремисти од “Исламска држава”, обвинети за бомбашки напад, во која загинаа 30 лица, истиот месец.
Конфликтот, недели пред изборите, на кои владејачката партија се надева дека ќе го закрепне мнозинството, се закани на мировниот процес, започнат од претседателот Реџеп Ердоган во 2012 година, за да се стави крај на немирите, кои одзеле животите на над 40 000 луѓе за три децении .
“Станува невозможно одржување на избори, со оглед на безбедносната ситуација во регионот”, изјави Селахатин Демиртас на прес-конференција во Дијарбекир.
“Ние сакаме изборите да се одржат и не велиме дека не можат да се одржат, но сакаме условите во регионот да бидат подобрени за избори”, додаде тој.
Над 100 членови на турските сили за безбедност се убиени по продолжувањето на конфликтот во јули, според податоците на владини официјални лица и извори за безбедност. Околу 2.000 милитанти на ПКК беа убиени, објави во неделата Ердоган.
ПКК, дефинирана како терористичка организација од страна на Турција, ЕУ и САД, започна своите сепаратистички бунт во 1984 година.
Денеска пак турската полиција уапси вкупно 93 лица, што учествувале во нападите врз згради на медиуми, политички партии и приватни објекти во Истанбул, соопштија градските власти, пренесува турската телевизија НТВ.
Изминатите неколку денови демонстранти организираа неколку напади врз згради на политички паритии, додека на 6 септември провладини демонстранти фрлаа со камења врз зградата на весникот „Хуриет“ во Истанбул.
Во нападите е нанесена голема материјална штета на зградите и околните објекти. Засега нема информации за сериозно повредени лица во нападот.
Турскиот премиер Ахмед Давутоглу синоќа ги осуди серијата напади врз медиуми, политички партии и приватни објекти во Турција и повика на воздржаност и зачувување на мирот во земјата.
– Неоправдано е нанесувањето штети врз медиумските институции, објекти на политички партии и имотите на нашите граѓани, порача Давутоглу преку својот налог на Твитер.
Меѓу целите на нападите, кои доаѓаат во време на ескалацијата на тензиите меѓу турската Влада и Курдската работничка партија (ПКК), беа и седиштето на курдската Демократска партија на народите (ХДП) и редакцијата на дневниот весник „Хуриет“.
![Erdoğan ve Davutoğlu [AA] main 1](https://lokalno.mk/wp-content/uploads/2015/07/Erdo%C4%9Fan-ve-Davuto%C4%9Flu-AA-main-1-300x168.jpg)