Плоштад Слобода: Да запре градежната експанзија и уништувањето на зеленилото во Дебар Маало

од desk3
132 прегледи

Невладината организација „Плоштад Слобода“ бара градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски да ја спречи градежната експанзија и уништувањето на зеленилото во Дебар Маало предвидено со Деталниот урбанистички план кој е на јавна анкета уште два дена.

plostad-sloboda-logo-633x3201-540x273

Од невладината посочуваат дека во ДУПот се превдивува изградба на висококатници, проширување на улица, згради кои се наоѓаат на државно земјиште, а за кои не е јасно кој е иден инвеститор, каде може да никнат нови барокни зданија.

Најзагрижувачко, според нив, е тоа што се планира да се задржат одделни решенија кои потекнуваат од претходниот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ.

– Дел од овие парцели и решенија во ДУПот се стари, како на пример 55 метарската кула на општина Центар. Но тоа не значи дека стекнатото право да гради кое го стекнала општина Центар под раководство на Жерновски, дека од тоа право не може да се откаже. Тоа што некој пред Жерновски нацртал 55 метарска зграда, не значи дека Жерновски има обврска таа катност да ја држи. Тој може и да ја спушти бидејќи одлучува во името на целата општина – вели Никола Наумовски од „Плоштад Слобода“.

Уште една локација е спорна за невладините. Старите бараки на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор кои ќе бидат заменети со две петкатници високи 18 метри. Одлуката за оваа локација е донесена од страна на Советот на Општина Центар во 2012 година, кога овие неизградени згради се утврдени како објекти од посебен интерес.