Плевнелиев: Русија може да лета врз Бугарија ако е послушна

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Русија може секогаш да лета над Бугарија, но кога ги почитува правилата. Ова го изјави претседателот Росен Плевнелиев во Пловдив, јави bTV

plevnmeliev

Така дпретседателот го  коментира одбивањето на Бугарија да не и даде на Русија воздушен коридор кон Сирија. Според него одлуката на Министерството за надворешни работи нема да влијае на односите со Москва.

“Ако нашите руски партнери се искрени кон нас, нивни авиони ќе летаат мирно над Бугарија”, посочи тој. Претседателот додаде дека сè околу одбивањето  било договорено со него и тој дал зелено светло за сè што бугарската држава го  направила.
“Бугарија е достоен член на НАТО. Ние располагаме со информации, со служби, со потребните информации, за да направиме разлика помеѓу хуманитарен лет и лет, кој тврди, но можеби и не е. И затоа ние бевме максимално искрени со нашите руски партнери – ако сакате, докјдете на нашиот  аеродром, ајде да провериме. Добро  дојдени сте, потоа ќе си го продолжите патот “, коментира Плевнелиев.
Бугарија се докажа уште еднаш како достоен член на ЕУ семејството и  на правилата “, истакна тој.

“Ние ги штитиме европските вредности, ние сме подготвени да и  кажеме” не “на Русија тогаш кога имаме сомнежи дека правилата нема да се испочитуваат. Ние ми  потврдуваме паневропските позиција, ние ги поддржуваме санкциите, надевајќи се дека Русија некој ден ќе биде повторно партнер,

Русија повторно ќе се врати на преговарачка маса, надевајќи се дека Русија нема никогаш повеќе така како што направи во Украина да  дестабилизира, да праќа свои системи на оружје, да ги праќа свои „зелени човечиња“ , да праќа свои војници за да го дестабилизира друга суверена држава “, изјави шефот на државата.