Во случај на победа на изборите во Грција “Нова демократија” ќе побара сојуз со “Сириза”

од Vladimir Zorba
132 прегледи

Ако победи на парламентарните избори на 20 септември, водачот на грчката конзервативна партија “Нова демократија”, Евангелос Меимаракис, најнапред ќе се обиде да влезе во сојуз со главната левичарска партија “Сириза”, пренесе Reuters.

мејмаракис
Во своето интервју 61-годишниот политичар изјави дека ако “Сириза” го одбие предлогот, неговата партија ќе се сврти кон други проевропски партии.
“Првата партија на која би и се обратил, е онаа која ќе се нареди на второ место”, изјави Меимаракис. “Ако втората партија одбие да се приклучи кон нас, ќе се сврте кон партиите кои веруваат во европскиот курс на земјата и со кои барем би можеле да постигнеме согласност за план за одржлива влада, да се надеваме со 4-годишен мандат”, посочи тој.
Според анкетите конзервативната “Нова демократија” и левичарската партија “Сириза” ќе се во тесна трка, што значи дека на изборите едвај ќе има јасен победник.