Топ дестинации за незаборавни спомени

од Vladimir Zorba
171 прегледи

Има луѓе кои многу патуваат и гледаат различни места низ светот. Некои од нив успеваат да остават незаборавни спомени.ac5c2957e4dec5d5481e33543488ab49

Видете кои се дестинациите преостанати засекогаш во умот и срцето на Туристот:

Брегот на Амалфи, Италија – Појасот опфаќа 50 километри должина по должината на јужниот брег на Сорентинскиот полуостров. Ако сакате да си направите една незаборавна романтична прошетка, земете ретро модел кабриолет и обиколете го целиот брег. Ова е дефинитивно еден од најживописните правци за патување со автомобил, па ако поминувате оттаму, нека некој друг вози, а вие уживајте во неверојатните пејзажи.unnamed

Антарктикот – тоа е најветровитото и студено место на светот, но и покрај непријатните услови, дефинитивно вреди да се види. Постојат многу туристички агенции кои нудат експедиции до Антарктичките бази од ноември до март.antarctica-travel-holiday-wallpapers_88

Залезот над Санторини – близу е до Македонија, па немате изговор да не одите и да уживате во глетката. Во речиси секоја туристичка агенција ќе видите на каталогот фотографија на познатите сино-бели куќички на островот Санторини. Најубавото зајдисонце, кое може да се види на Санторини може да го набљудувате од маса во ресторан или од брод во морето.1280px-Oia,_Santorini_HDR_sunset

Прочуениот автопат Route 66 – патот со американските блусари, е најпознатиот автопат во светот.Тој е долг речиси 4 000 километри и преминува 8 американски држави – Калифорнија, Аризона, Ново Мексико, Тексас, Оклахома, Канзас, Мисури и Илиноис.Route 66 е отворен официјално во 1926 година.

Route 66 crossing California's Mojave desert.

Route 66 crossing California’s Mojave desert.

Островите Галапагос – во денешно време Галапагос е познат не само по своите огромни желки, но и меѓу најубавите острови на светот. Постојат многу патувања кои се прават таму, со траење од 10 дена.Galapagos_whale_shark

Националниот парк “Кругер”, ЈАР – таму живеат најатрактивните африкански животни – носорози, леопарди, слонови и биволите. “Кругер” е најголемиот резерват на Црниот континент, каде што има над 500 вида различни птици, 150 цицачи и 100 видови влекачи.Токму таму е снимен еден од најпознатите клипови на YouTube, насловен “Битката кај Кругер”, на која се гледа судир меѓу лавот Прајд, два крокодила и стадо биволи.Спотот е гледан над 75 000 000 пати.

item0_size_lion-sands-sabi-sand-kruger-nat-l-park-kruger-nat-l-park-south-africa-108016-2