Турција пред граѓанска војна, или веќе неколку дена војува… !?

од desk3
144 прегледи

Курдски екстремисти пукаа во ресторан, посетуван од полицијата во главниот град во југоисточна Турција. Убиен е келнер, а тројца офицери се повредени. Нападот е извршен во Дијарбакир, најголемиот град во претежно курдскиот југоисток. Келнер бил застрелан додека сервирал леб на масата на полицајци. Еден од нив е тешко повреден.

430x327

22-годишниот келнер се вратил од задолжителната воената служба пред два месеци.

Немирниот регион се соочува со најголемите крвопролевања од 1990 година, забележува “Ројтерс”.

Турски авиони бомбардираа позиции на Курдската работничка партија (ПКК) во северен Ирак веќе петтата ноќ.

Стотици екстремисти и припадници на безбедносните сили загинале откако воените дејствија меѓу ПКК и државата беа обновени во јули.

Владата ги обнови воздушните напади против ПКК пред два месеци како одговор на она што тие го опишуваат како нагло зголемување на нападите врз безбедносните сили и пукање во урбани центри. Претседателот Реџеп Ердоган вети дека борбата ќе продолжи се додека не се ликвидираат и последниот терорист.

Над 15 воени авиони удриле по позиции на ПКК во северен Ирак во раните утрински часови на денешниот ден.

Во градот Чизре веќе осми ден има полициски час. Прокурдски политичари тврдат дека 21 цивили биле убиени и дека се разгорела хуманитарна криза, бидејќи мртвите не се погребуваат, а храната и водата се во опаѓање.

Лидерот на прокурдската опозиција Демиртас најави дека специјални сили, дејствуваат по наредба на локалниот управител и се стрелал секој кој се осмелува да излезе на улица.
Советот на Европа денеска ја повика Турција да дозволи независни набљудувачи во југоисточниот град Џизре, каде од минатата недела е воведен полициски час, а меѓу турските сили за безбедност и курдските бунтовници има постојани судири, пренесоа американските медиуми.

Советот на Европа изрази загриженост од тврдењата за „непропорционална употреба на сила“ врз цивилите во Џизре.

Турското Министерство за внатрешни работи информира дека седум курдски бунтовници и еден цивил се убиени во судирите, додека прокурдската опозициска партија соопшти дека во судирите биле убиени 21 цивил.

Освен тоа, турските власти не и дозволија на делегација на прокурдската парламентарна партија да влезе во Џизре.