„Ајде“ утре организира „сечење лента“ на оградите на Владата

од desk3
123 прегледи

 

Ajde-Platforma2 (1)

Дојдете сите да „пресечеме лента“ на оградите на Владата, ама за да ви биде издадена потврда за влез треба да ни доставите список од најмалку 15 ваши роднини, пријатели и колеги, порачува платформата „Ајде“ во сатиричниот повик за утрешното собирање пред Владата на Република Македонија, кога ќе се упатат критики за најновиот потег на власта на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

„Почитувани сестри и браќа,

Ве известуваме дека утре (сабота), 12 септември, 2015 година, со почеток во 13 часот, ќе имате можност да присуствувате на спектакуларното сечење лента на новата ограда на Владата на Република Македонија.
За да учествувате на настанот и за да ви биде издадена потврда за влез, треба на „лице место“ пред Владата, да ни доставите список од најмалку 15 ваши роднини, пријатели и колеги.
Не ја пропуштајте извонредната можност да пресечете лента и да се оградите од скапоцената владина ограда!
АЈДЕ заедно да ги славиме нашите големи дела и успеси!
Македонија оградена и вечна!
За Македонија напреТ! Важно се (о)гради!“, се вели во козерискиот повик потпишан со „О.К. Миле ми текна од Прилеп“.