ДЗС и својата математика- стапката на невработеност намалена на 26,8 проценти

од desk3
96 прегледи

siromastija1
Стапката на невработеност во второто тримесечје од годинава се намали на 26,8 и споредено со првото тримесечје бележи намалување за половина процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци, во второто тримесечје од годинава во Македонија имало 956.174 активно население од кое 699.578 се вработени, а 256.596 невработени.

Стапката на вработеност во овој период изнесува 41,7 за разлика од првото тримесечје кога стапката на вработеност била 41,6.