Семејството преживеало вистински ужас среде ноќ во Гранд-хотелот “Банско” во кој одненадеж избувнал голем пожар.

Пожарникарите пристигнале некаде 2.30 часот по полноќ, и за среќа во пожарот нема жртви и повредени. Гостите на хотелот реагираат “Немаше известување за пожар, ги немаше сопствениците, немаше никој. На рецепцијата имаше само еден човек, кој не знаеше како да се евакуираме. Сами се евакуиравме, и ние самите ѕвоневме на телефон 112“, раскажува Криси Босовска за БГНЕС. Таа била во хотелот за време на пожарот заедно со нејзиниот сопруг и дете. Жената, заедно со своето семејство се качиле на покривот, додека не дојде екипата пожарникари.Семејството е категорично дека ќе си ги бараат правата и ќе поднесат тужба против хотелот. “Тоа е криминална негрижа од страна на Гранд Хотел Банско”, велат Пламен и Димитар Босовски. Денес претстои истрага за утврдување на причините за пожарот., кој започнал од две соби, а потоа се проширил на соседното крило.