Албанскиот јавен обвинител Адријати Лала, денеска информираше дека е покрената на и дека во блиска иднина ќе има апсење на 40-тина познати личности од политички, општествениот и економскиот живот.
Обвинителот Лала соопшти дека деновиве со обезбедени докази и веќе обезбеден притвор за двајца пратеници. Според него сега стартува пресметката со криминалнците без разлика дали се тие во самиот врв од политиката или бизнисот.
Како што информираат албанските медиуми, на помош ќе му биде и еден познат американски обвинител.
Дневните весници во Албанија објавија извештај на ОБСЕ во кој се наведува дека со криминогени активности директно се замешани и поранешниот премиер и претседател Сали Бериша, претседателот на Собранието Илир Мета, но и актуелниот премиер Еди Рама.
Овие информации пренесени во медиумите не се демантирани ниту од ОБСЕ, ниту од албанските институции.
Претходно опозицијата изнесе низа обвинувања дека актуелниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири лично е замешан во шверцот со дрога, но тој демантираше за негова вмешаност во една ваква незаконска активност.
Медиумите во Албанија пишуваат дека последните години политичарите и бизнисмените се во голема соработка за добивање на големи тендери, но и многу други незаконски активности.

