Нема договор за изборот на специјалниот обвинител и по вчерашните маратонски разговори, но има приближување на позиции за едно од најспорните прашања.Преговарачките тимови се се пошироки а на масата се  вратија и Аиво Орав и Џес Бејли.Времето истече.

pratenicite_zaedno_vo_klubot

Во текот на викендот ,  и доцна синоќа наизменично се разговараше со претставниците на сите партии. ВМРО ДПМНЕ и СДСМ ги засилија своите редови, а завчера накусо се појавил и поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков. Се преговарало до доцна но  нема детали како е финиширана рамката.Сите го почитуваат договорот за молчење  до постигнувањето целосна усогласеност околу измените на законот за обвинителство.

Засега едно е сигурно , претставниците на партиите потписници на договорот од Пржино договорија дека специјалниот обвинител ќе има тим обвинители кои заедно со него ќе работатат на аферата прислушување и случајот „Пуч“, тврдат извори од преговорите.

Според истите извори се прецизирал и бројот колку ќе бидат тимот на обвинителите, а за тоа ќе одлучува специјалниот обвинител како што инсиситираше ЕК.

vanhoute

„Договорот  е стани -падни но се крчка .Остануваат уште повеќе работи  кои мора да се прецизираат за  да не се блокира работата на специајалниот јавен обвинител Отворени се за дозаокружување   автономијата на специјалниот обвинител, стручниот тим, финансиската независност, па и обемот на неговите обврски  велат  извори од преговорите

Медијаторот Питер Ванхауте инсистирал законот да се затвори уште на завчерашните преговори за да партиите да се фокусирата само на имињата за специјаелен обвинител.Преговарачите на власта влечат колку се може , но доаѓаат „решенија за завзрзламите“ и директно од Брисел.

Дипломатски извори велат дека денеска е денот Д за законот за веднаш да може да се стави во собраниска процедура  и да се изгласа во Собранието, каде што пратениците се на штрек и очекуваат само „испорака“ од клубот на пратениците. Датумот дојде, токму поради тоа и амбасадорите на Еу и САД седнаа на масата.Нема повеќе време за калкулации .

КАКО СЕ СПРОВЕДУВА ДОГОВОРОТ ОД ПРЖИНО?

Уште 24 часа за избор на специјален обвинител

Кој ќе биде специјалниот јавен обвинител? Уште нема одговор. Остануваат уште 24 часа за избор на „специјалецот“ според договорениот рок од Пржино. На 18 септември доаѓа еврокомесарот Јоханес Хан, кој требаше да го поздрави спроведувањето на договореното од Пржино, но изгледа пак ќе биде разочаран.

Питер Ванхојт

Утре истекува рокот за избор на специјален јавен обвинител. Спроведувањето на договорот од Пржино за надминување на политичката криза на претставниците на четирите најголеми политички партии во Македонија не оди баш најдобро. Работните групи на политичките партии и белгискиот експерт Питер Ванхојт ниту викендов не постигнаа договор.

Меѓународните посредници имале подготвено нацрт на измените за Законот за јавно обвинителство според кои новиот специјален јавен обвинител ќе треба да реши за своите заменик-обвинители и нивниот број. Ова е последното прашање за кое претставниците на политичките парии не можат да се договорат – СДСМ е за 12 заменик-обвинители, ВМРО-ДПМНЕ е за тим од стручни соработници или можеби најмногу 6 заменик-обвинители, а ДУИ предлага 8 заменици, од кои тројца, рамковно, би биле Албанци.

Викендов на преговарачката маса се вратија и амбасадорите на ЕУ и на САД Аиво Орав и Џес Бејли, а во саботата како претставник на ВМРО-ДПМНЕ се појавил и поранешниот директор на ДБК, Сашо Мијалков.

Денеска би требало работната група во Собранието да ги прати измените во Законот за јавно обвинителство и да продолжат преговорите за тоа кој би бил специјалниот обвинител што треба да биде избран со консензус.

Договорот од Пржино предвидува Македонија до 15 септември да има специјален обвинител што независно и автономно треба да ги истражува сомневањата од случаите „Прислушување“ и „Пуч“. Во работната група се претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Договорот предвидува на 20 октомври да бидат именувани нови министри од СДСМ за внатрешни работи и за труд и социјална политика, заменик-министри, во министерствата за финансии, за земјоделство, шумарство и водостопанство , за информатичко општество и администрација и директор на УЈП.

На 15 јануари 2016 треба да имаме нова влада со нов премиер на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. На 24 април 2016 година треба да се одржат предвремени парламентарни избори.Тоа е редот.

На 18  во  Петок од Брисел во Скопје слетува еврокомесарот Јоханес Хан , да им честита за договореното досега,  и да ги потсети дека не се дојдени ниту до пола од договореното во Пржино,  безоглед на тоа колку се заморија од досегашните пазарења.Македонија веќе нема време за чекање!

Слични содржини