
Филмот бил единствен пријавен за оваа награда, и бил избран едногласно. Во составот на комисијата за избор се: Бранко Петровски, Даријан Пејовски, Емил Рубен, Владимир Самоиловски, Антонио Митриќески, Емилија Ивановска Атанасовска и Ѓорѓи Клинчаров.
„Ова е филм којшто ги задоволува естетско продукциските стандарди и вредности, кој во еден познат филмски израз следни две наративни линии од живото на главниот лик, едната од приватниот, а другата во професионалниот живот, карактеристични за општествените збиднувања и политичките скандали како реалност во која живееме во изминативе години од нашето осамостојување“, соопштуваат од Друштвото на филмски работници.