Александар Проханов тврди дека знае што точно се случува со бегалската криза во Европа. Америка go запалила фитилot на ” демографскаta бомба ”, тврди писателот и новинар во државниот канал Русија 24.

77-годишниот писател објаснува дека ова e еден ” контролиран хаос ”, роден и одгледан од Америка. Руските медиуми се искажуваат сурово по прашањето со бегалската криза, тврди Проханов. Статиите му се обвинувања кон САД, трагични сценарија за ЕУ и негодување против бегалците
. Се тркалаат различни приказни, новинарите во Будимпешта раскажуваат во детали како ” мигрантите ” одбиваат облека од втора рака, фрлаат донирано овошје, се закануваат на возачите на автобуси, дека ако не ги однесе во Австрија, ќе го убијат.
Други, пак, раскажуваат како Германците веќе се дискриминирани во сопствената земја. Германското издание Zeit забележува дека не поминува криза во Европа, за која ако Русите не влијаат ќе има апокалиптични предвидувања за Западот, без разлика дали станува збор за кризата со грчкиот долг или нападот во француското издание Шарл Ебдо.
Лидерите на Русија, пак, донекаде самозадоволно коментираат за бегалската криза во Европа. Путин неодамна изјави на економскиот форум во Владивосток: ” Тоа беше една апсолутно предвидлива криза и не знам зошто одеднаш сите се прашуваат што се случува “.
Луѓето бегаат од Исламската држава, а не од Асад, против кој се бори Западот, забележуваат некои руски медиуми .
Нова пропагандна кампања на медиумските критичари зборуваат за нова пропагандна кампања во државните и провладините медиуми. Сепак, тоа упатува дека тие ги опслужуваат не интересите на војната, која рускиот претседател ги води во Сирија, туку за да се сврти внимание кон бегалците, кои се економски мигранти во Европа и доаѓаат најмногу поради социјалната помош. Архангелски има објаснување: “‘Тоа го засилува стравот на Русите пред странците”.
Тој смета дека до неодамна медиумите биле обединети и гледале само кон Украина. Но, по новата конфронтација со САД и Европа по анексија на Крим, веќе видикот е проширен. А дел од стравот на Русите е ослободен, тврди весникот. Од 2000 година многу луѓе од Централна Азија и Кавказието мигрираат во Русија. Според извештајот на ОН во 2013 година Русија беше на второ место по примањето мигранти , веднаш по САД. Но тоа не се регистрира, туку тоа кое треба да се продаде, и затоа сите сме тука некаде пред крајот, на Европа завршува анализата.