(ВИДЕО) ЕK го поздрави договорот и чека законот да помине во Собрание

од desk3
102 прегледи

Европската комисија го поздрави постигнатиот договор за назначување специјален јавен обвинител, соопшти Маја Коцијанчич, портпаролката на еврокомесарот Јоханес Хан за време на денешната редовна прес-конференција.

kocijancic

– Го поздравуваме договорот кој утринава во Скопје го постигнаа политичките партии за назначување на специјалниот јавен обвинител, кој беше важен елемент од политичкиот договор, кој беше посредуван од комесарот Хан и неколку европратеници во јуни и во јули. Сега го очекуваме усвојувањето на релевантниот закон во Собранието и очекуваме дека специјалниот обвинител ќе ја добие сета неопходна поддршка за да ја заврши важната задача – рече Коцијанчич.

Портпаролката на Хан ја потврди посетата на еврокомесарот на Македонија и додаде дека се очекува за време на посетата да се разговара и за претпристапните разговори на високо ниво (ХЛАД).

 

МЕТА