Катица Јанева едногласно избрана за специјален обвинител во Собранието

од Vladimir Zorba
155 прегледи

Со 108 гласа ЗА, пратениците во македонското Собрание вечерва едногласно  изгласаа по   предлогот Катица Јанева да биде специјален обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконско следење на комуникации.

janeva(1)(1)

Јанева беше изгласана  од сите присутни пратеници  во парламентот иако на семафорот  беше запишано со 108  гласа „за“, без воздржани и без против од присутните 111 пратеници.

Нејзиниот избор  ноќеска треба да го изврши Советот на јавни обвинители.