Пинкови Ѕвездички: По Трајче, и младата Елена ќе го освојува Балканот

од Vladimir Zorba
124 прегледи

Регионалниот музички натпревар „Пинкови Ѕвездички“ ја започна својата втора сезона. Ако во првата нашиот Трајче Ѓоргиев го освои регионот, со сигурност тврдиме деке овојпат успехот е загарантиран за малата стружанка Елена Бимбилоска.15 годишната Елена ја испеа „Hurt“ од Кристина Агилера и го маѓепса петчленото жири.

3elena500

Гоца Тржан додека траеше изведбата даваше аплауз, а на крајот искоментира: „Ова е тој театар кој ни треба. За првпат ја слушам оваа песна интерпретирана на овој начин кој премногу ми се допадна. Симнувам капа. Секоја чест“. Милан Станковиќ и посочи дека е родена за пејачка , а за Хари, Елена ја имаше најдобрата изведба на вечерта.

4el500

И другите членови од жирито, Леонтина  Вукомановиќ и Јелена Томашевиќ за неа зборуваа со одушевување и поделија само позитивни коментари.