Како и зошто алкохолот може да помага во слабеењето?

од Vladimir Zorba
147 прегледи

Навикнати сме да мислиме дека алкохолот има премногу калории, за да го употребуваме за време на диета.61d32f76f7c2d48134c501302fc64b0a

Е, добрата вест е дека тоа не е сосема точно! Бројни истражувања докажуваат дека конзумирањето на 1-2 чаши вино или дури и друг алкохол на ден ви помага да го симнете вишокот тежина полека, но сигурно.

Паметните решенија како мешање на алкохол со свежо исцедени овошни сокови наместо безалкохолни пијалоци можат да ви помогнат да слабеете многу успешно.

Еве како алкохолот помага во слабеењето:

1. Тој го забавува растот на масните клетки
Многу видови алкохол содржат елагова киселина – природен антиоксиданс, кој го забавува растот на постоечките масни клетки и ја спречува појавата на нови, пишува healthmeup.com.

Ова му помага на телото да го согори подобро вишокот на масти и да се заштити на црниот дроб од масни наслаги.

2. Алкохолот го забрзува согорувањето на калории

Кога алкохолот влегува во крвотокот, тој ја зголемува срцевата фреквенција. Ова, за возврат го активира метаболизмот. Алкохолните пијалаци како пивото и виното содржат флавоноиди, кои ја зголемуваат мускулната маса. Мускулите согоруваат повеќе калории, како што знаеме.

3. Ја зголемува телесната температура

Сите сме забележале дека кога вдишуваме алкохолен пијалак веднаш ни станува потопло. Тоа е така, бидејќи алкохолот ја зголемува телесната температура. Ова помага за интензивното потење, што од своја страна доведува до подобрено согорување на калории.

4. Алкохолот може да го спречи дијабетесот

Истражувањата покажуваат дека етанолот ја подобрува реакцијата на алкохолот кон сопствениот инсулин. Ова подобрување води до поквалитетно горење на масните клетки и разградувањето на гликозата.

5. Редовна консумација, но со мерка

Сите овие придобивки од консумацијата на алкохолот важат ако го прифаќате со мерка. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои пијат по 1-2 чаши секој ден имаат многу добри резултати во слабеењето за разлика од оние кои пијат иста количина, но од време на време.
Заклучокот е да конзумирате редовно, но со мерка, за да го почувствувате ефектот.