(ВИДЕО) СДСМ Штип: Тодоров си поигрува со здравјето на македонските граѓани

од desk3
112 прегледи

 

Здравствениот систем во Македонија, како резултат на катастрофалните политики на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски е пред целосен колапс.

Состојбата со недостаток на лекови-антибиотици во Штипската болница е алармантна.

Лекарите се принудени да ординираат само со еден антибиотик, оној којшто е на располагање во моментот.

Очигледно министерот Никола Тодоров не знае што значи да се нема избор на антибиотици.

Катастрофалната состојба со недостатокот на антибиотици е животно загрозувачка за граѓаните.

Издавањето на само еден антибиотик значи несоодветно лекување. Тоа кај пациентите може да предизвика сериозни последици, развој на инфекции и компликации коишто може да им го доведат во опасност дури и животот.

Дополнителен проблем е Одлуката на министерот за здравство, Никола Тодоров, да штеди на инсулинска терапија.

Со одлуката Тодоров наложува што поголем број пациенти да бидат префрлени од аналоген, поквалитетен и поскап инсулин на поевтин хуман инсулин.

Лекарите се под постојан притисок од казни доколку не го препишуваат евтиниот инсулин.

Ова е погубно за здравјето на граѓаните со шеќерна болест затоа што предизвикува штетни последици за работата на бубрезите, нервниот систем и видот. Огромен број граѓани од Штип и регионот веќе се жалат на последиците коишто ги трпат.

Тодоров буквално си поигрува со здравјето на болните во Штип но и во цела Македонија.

За власта на Груевски, на приоритетната листа секогаш се спомениците, фонтаните, галиите, коишто чинат милиони, а здравјето на пациентите е на последно место.

Недозволиво е власта да штеди пари на здравјето на граѓаните.

Тодоров е должен на граѓаните на Штип и на цела Македонија да објасни зошто нема антибиотици и како ќе го реши овој сериозен проблем?

Зошто одлучи да штеди токму на здравјето на пациентите?