(ФОТО+ВИДЕО) Се сруши дел од кровот во ходник во студентскиот дом „Гоце Делчев“, од таму велат дека има индиции за намерно рушење…
119
„Домовите се распаѓаат исто како и системот во државата, но ние сè уште немаме добиено нов специјален студентски дом за да се спасат студентите живи од бедата во која живеат и која се руши околу нив“, пишува Студентски пленум на својата Фејсбук страница.
„Ова е блокот Б во студентскиот дом “Гоце Делчев”, во кој пред некој ден како што може да се види на сликите се срушил дел од кровот во еден од ходниците.
Овојпат немало повредени. Дали и наредниот пат нашите колеги ќе бидат еднакво среќни или пак до тогаш ќе добијат нов (специјален) студентски дом?
По ова реагираа од студенсткиот дом Гоце Делчев. Велат дека за овој настан имало индиции дека штетата е намерно предизвикана, односно се работело за свесно и намерно уништување на инвентарот.
– Дополнително би сакале да информираме дека поради дотраеноста на студентскиот дом „Гоце Делчев“, изграден пред повеќе од 4 децении, а во насока на унапредување на студентскиот стандард и капацитетите за сместување на студентите, започна процесот на темелна реконструкција на сите објектите во состав на овој дом, со средства обезбедени од страна на Владата на Република Македонија и Министерството за образование и наука – се наведува во соопштението на домот.
Реконструкцијата се реализирала етапно, во неколку фази и согласно предвидената динамика во акцискиот план, а се очекува да биде завршена во текот на 2017 година.
Премиерот Никола Груевски во интервју за една од националните телевизии уште во март 2014 изјави дека домот во најбрз можен рок целосно ќе се реконструира.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.