На Ахмети не му е по “ќеиф” активното регистрирање на гласачите

од desk3
77 прегледи

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, денеска оствари средба со делегацијата на ОБСЕ-ОДИХР, претставена од Јан Хаукас и Беата Мартин Розумилович, соопшти прес службата на ДУИ.

24471golema

Тие на средбата разговарале околу Изборниот законик, Државната изборна комисија, улогата на ОДИХР и предвремените избори следната година.

Ахмети истакнал дека ДУИ ги поддржува препораките на ОДИХР и ќе се ангажира тие да бидат вклучени во Изборниот законик, особено на препораката за балансирање на гласовите за пратеник во Македонија во споредба со припадниците во дијаспората.

Во врска со активното регистрирање на гласачите, Ахмети изразил сомнеж за изводливоста на овој процес затоа што смета дека, тоа го негира правото на глас на повеќе граѓани кои привремено живеат во странство.

Тој ја истакнал потребата за стручно вклучување на ОДИХР во работните групи на политичките партии во земјата за време на разговорите околу изборните реформи.

Во однос на избирачкиот модел, Ахмети нагласил дека ДУИ се ангажира за отворени листи на кандидати и проценува дека моделот со 6 изборни единици е порепрезентативен и фер, додека во однос на единиците на дијаспората треба да се прифати препораката на ОДИХР или да им се овозможи на граѓаните кои живеат во странство да гласаат за кандидатите во Македонија.