Мрестилишта за патриоти (Секоја сличност со Македонија е случајна,или не!?)

од desk3
92 прегледи

Руските власти ветуваат дека во наредните пет години ќе го зголемат бројот на партиотите во Руската Федерација, и ќе ги учат граѓаните како да се противат на секакви “обоени револуции”. Дали сепак службениците ќе ја постигнат својата цел?

0,,18719927_303,00

Подготовките за реализацијата на државната програма “патриотско воспитување на граѓаните на Руската Федерација за периодот 2016-2020 година” влегува во завршна фаза. Според податоците на близок извир до владата, проектот веќе е доведен за одобрување во кабинетот на ресорниот министер и ќе чини над 1,8 милијарди рубљи. Програмата за периодот 2011-2015 година, изготвена од страна на шефот на Федералната агенција за работа со младината (Росмолодеж) – Василиј Јакеменко ја чинеше два пати поевтино државата. За што ќе бидат потрошени државните средства за новата програма?
Ни требаат повеќе патриоти

Авторите на програмата поставија амбициозни цели: “За пет години процентот на граѓаните кои се гордеат со својата земја, да се зголеми за 8 проценти”, “да биде зголемен бројот на донаборниците во армијата со 10 проценти”, “да се зголеми чувството на гордост, длабоко почитување и следење на државните симболи – грб, знаме и химна “.

Политолозите, со кои разговараше DW, се однесуваат скептично кон овие планови. “Авторите на програмата свесно избрале критериуми, кои не можат да бидат проверени. Никогаш не може да се провери колку патриоти има во Русија сега. Тоа е премногу нејасен концепт”, вели директорот на комуникацискиот холдинг “Минченко консалтинг” Евгениј Минченко. Експертот смета дека програмата е направена намерно така, за да може потоа полесно да се прават извештаи. “Ќе биде доволно да се направи анкета за растот на патриотските чувства”, вели тој. Во проектот се зборува и за новите закани со кои се соочува Русија. Се зборува за “изострена геополитичка ситуација” и “вооружените конфликти во близина на границите на Руската Федерација”. Токму поради тоа, патриотското воспитување треба да стане “основа за зајакнување на руската државност”. Тоа е потребно за да биде “зголемено нивото на подготвеност на граѓаните за заштита на националните интереси”, велат авторите на проектот.
Патриотизам за сите возрасти
Во програмата е наведено дека воспитувањето за патриотизам меѓу различните старосни групи бара и различен пристап. Децата до 6 години ќе се учат на патриотизам преку музика и повеќекратни филмови. А ученици кои ќе учат патриотизам, ќе се вклучат во воено-спортски друштва. Програмата предвидува и шефовство на воени единици во училиштата, за да може младите луѓе подоцна да не одбиваат воената служба. За учениците се потребни патриотски предавања за традиционалната руска култура, историја и моралните вредности на Русија. И конечно, постарите граѓани треба да бидат научени на “општествено корисна работа”, “правна писменост” и “почит кон руските закони”. Засега авторите на програмата не наведуваат повеќе конкретни чекори за реализација ѕ.

Некои од овие “конкретни” мерки веќе се појавија низ руските медиуми. Во месец јули Министерството за одбрана изјави дека сите руски студентите треба да слушаат предавања за штетноста на “обоените револуции”. Федералната агенција за работа со младината веднаш одговори дека е подготвена да се приклучи на такви предавања во државната програма “патриотски воспитување”. Заменик-претседателот на руската студентска унија Алексеј Карпухин го окарактеризира овој предлог како “продолжување на советските лекции за политинформација и пропаганда”. Тој е убеден дека високообразовните институции треба да бидат надвор од политиката. “Слично лицемерие беше широко распространето во Советскиот Сојуз. Но овие предавања предизвикуваа само иритација кај студентите”, вели тој.
Анексијата на Крим – училишен празник
Еве и уште еден индикативен пример за тоа како ќе функционира проектот. Во училишната програма ќе биде вклучен празникот “Ден на пристапувањето на Крим кон Русија”. Министерот за образование Дмитриј Ливанов веќе нареди датумот на анексијата на полуостровот да биде вклучен во листата на официјални празници, меѓу Денот на Русија, Денот на народното единство и Денот на победата. Министерството за образование ја поддржува и идејата за создавање на нов патриотски телевизиски канал за младите. Заменик-министерот за образование и наука Венијамин Каганов веќе нареди создавање на работна група за креирање на новата телевизија.

Цел на програмата – апсорпција на буџетот

Дали овие мерки ќе бидат ефикасни? Политологот Дмитриј Орешкин длабоко се сомнева дека Русите ќе стануваат поголеми патриоти. Во интервју за ДВ тој рече дека никој не ги зема сериозно слични проекти. “Сето ова веќе сме го виделе во Советскиот Сојуз. И тогаш се одржуваа слични бесмислени програми за младите. Денес главна задача е да се асимилираат средствата”, вели тој. Од рускиот студентски сојуз се жалат од богатството на антизападна реторика во проектот, чии автори посочуваат дека “санкционните мерки на некои земји се подигнати во ранг на државна политика”, дека “постојат обиди за дестабилизација на внатрешната ситуација во Русија” и “за масовно влевање на западна култура “. Заменик-претседателот на студентскиот сојуз Арексеј Карпухин смета дека вистинска манифестација на партиотизам би било да се спречи одливот на мозоци од Русија. “Како и досега, условите за работа на руските научници се значително полоши отколку на Запад. Но за тоа денес се зборува многу ретко”, заклучува тој.