Заев: СДСМ останува на ставот за промена на изборниот модел и за една изборна единица

од desk3
86 прегледи

Прашањето за промена на изборниот модел мора да се затвори најдоцна до почетокот на следниот месец. СДСМ останува на ставот за една изборна единици, модел со кој ќе изгубат поголемите, но ќе добијат помалите партии, изјави лидерот на опозициската партија, Зоран Заев кој денеска со партиското раководство беше во Битола.

– Влезот на помалите политички партии во Парламентот ќе влијае на неговата демократизација, а од тоа пак, ќе зависи демократизацијата на извршната власт. Составувањето на идна влада ќе зависи од лепеза на партии. Апелираме јавно, сите да ги кажат своите ставови на работните групи во функција на демократизација на нашето општество, посочи Заев за време на денешниот престој во Битола.

Слични содржини