Мицковиќ: Бев повикан како сведок за случајот „Телеком“ за помош во откривање на илегалните дејствија

од desk3
133 прегледи

Професорот на Правниот Факултет во Скопје, Дејан Мицковиќ реагираше до порталот „Република“, откако беа објавени документи кои се изнесени пред Окружниот суд во Њујорк во врска со аферата Телеком.

Dejan-Mickovik1-520x3381

Тој испрати документ од Комисија за хартии од вредност на Америка во кој стои дека Комисијата потврдува дека е побрано сведочење од Мицковиќ како сведок, а не како тужен или обвинет во истрагата за аферата со Маѓар Телеком и Македонски телекомуникации.

pismo-dejan-520x5511-510x540

-На Комисијата не и е познат било каков доказ од нивната истрага за Маѓар Телеком кој покажува дека Мицковиќ е инволвиран во било какви нелегални или несоодветни дејствија за време на извршување на функцијата директор на бордот на „Телеком“. Сосема спротивно, неговата соработка за време на истрагата е од голема помош во откривање на илегалните дејствија на другите инволвирани лица- стои во дописот кој Мицковиќ го испрати до „Република“.