
Околу 120.000 косовски граѓани во последниве две години се иселиле од Косово во некоја од земјите-членки на ЕУ, тврди во денешниот број приштинскиот весник „Зери“.
Според весникот, таа бројка значи како во ЕУ да се ислеиле сите жители на градовите Гњилане и Косовска Каменица заедно. Според последните статистички податоци, во Гњилане живеат 87.000, а во Косовска Каменица 33.000 лица.
Најголем бран на иселување е регистриран од септември 2014 до јуни 2015 година, наведува весникот, додавајќи дека според податоците на Евростат во тој период азил во земјите на ЕУ побарале 90.000 косовски граѓани.
Косовците се најбројни меѓу баратеилте на азил во Франција и Луксембург, а се на трето место во Германија, по државјаните на Сирија и Албанија, доддава „Зери“. /МИА