Живко Митревски го исклучил МЕСО од ССМ, причините “официјални” и “неофицијални”

од desk3
75 прегледи

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски, донел одлука, Мултиетничкиот синдикат на образование (МЕСО), да биде исклучен од ССМ.

7bf5a0c1-1093-406c-8518-5048f143919d-живко-митревски
Од МЕСО за утре најавуваат прес конференција на која најстрого ќе ја осудат одлуката и, како што велат, најновиот обид на претседателот на ССМ за слабеење на ССМ како синдикален сојуз и на синдикалното движење во целина.

Како што информираат синдикалците кои се запознаени со случајот, причина исклучувањето било дека наводно МЕСО не доставил податоци за членството до централните органи на организацијата и дека неговото делување било против ССМ, односно настапите на лидерството на МЕСО биле критички за раководството на ССМ, како и за лидерот Живко Митревски.