Граѓанската иницијатива за донесување Закон за амнестија на осудениците за денеска попладне пред Собранието најави протест.

Целта, како што велат, е добивање позитивен одговор од претседателот на Законодавниот дом за распишување граѓанска иницијатива на државно ниво за собирање на 10 илјади потписи за донесување Закон за амнестија во законски предвидениот рок. Велат дека доколку не се задоволат нивните барања, протестот ќе трае деноноќно се до добивањето на потребниот одговор од страна на спикерот Вељаноски.