Македонските полицајци малтретирале, навредувале и им се заканувале на дел од мигрантите што лани и оваа година поминале низ државава во обид да побараат азил во западноевропските земји, открива меѓународната организација за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ во својот извештај „Како да не сме човечки суштества“.

Според изјавите на интервјуираните, полицајците се делеле во две колони и ги терале бегалците и мигрантите да трчаат меѓу нив додека ги тепале со пендреци, ги мавале по грбот, по рацете и ги клоцале. Ова го потврдиле девет бегалци, во одвоени интервјуа.
Сите случувања се однесуваат на периодот кога во Македонија не беа донесени измените во Законот за азил, со кој во јуни годинава беше предвидено дека бегалците и мигрантите имаат право да користат јавен превоз и добија рок од 72 часа за да поднесат барање за признавање право на азил. Во тој период, тие транзитираа низ Македонија, најчесто движејќи се покрај железничките пруги, пеш, а триесетина лица загинаа во железнички несреќи.Со оваа процедура, наречена „топол зајак“, југословенските власти ги казнувале затворениците на озлогласениот Голи Оток, за време на Титова СФРЈ.„Хјуман рајтс воч“ објавува и случаи на насилство во македонските полициски станици, на границата со Грција како и во Центарот за странци во Гази Баба, кој беше затворен пред неколку месеци, под силен притисок од меѓународната заедница и од невладините организации за човекови права.
Полицајците се изживувале на границата со Грција
„Хјуман рајтс воч“ открива дека дваесет и седум мигранти, меѓу кои и три деца, изјавиле оти полицајците ги малтретирале при апсењето на граница. Биле тепани и носени на меѓуграничните појаси, каде што биле терани да се вратат во Грција.
Хадад, 25-годишно момче од Авганистан, сведочело дека полицајците го тепале него и уште 12 други бегалци во полициска станица во Скопје.
„Командирот прво ќе нè удреше со тупаница или ќе нè клоцнеше, а потоа ни се дереше и нè прашуваше зошто сме дошле, а потоа пак нè тепаше.“
Слично нешто, според „Хјуманс рајт воч“, преживеало семејството на Ајше, 16-годишна девојка од Авганистан. Таа се исповедала дека македонските полицајци ги тепале неа, нејзиниот 17-годишен брат и татко ѝ, и тоа во два наврата.
Првиот пат, во јануари 2015, Ајша со семејството отишла во полициска станица близу границата за да побара азил. Наместо тоа, полицајците ги вратиле на границата и им наредиле да ја напуштат државава, а таткото на Ајша се побунил.„Тој им објасни дека многу ноќи поминавме по шуми и дека сме исцрпени. Седна на земјата и не сакаше да се врати. Еден полицаец му се приближи и го удри со пендрек по грбот и по раката. Друг полицаец го удри брат ми по рамото, додека третиот ме удри мене по раката“, раскажала Ајша.
Вториот инцидент со Ајша, исто така се случил на границата со Грција. Таа била сведок како татко ѝ и брат ѝ биле тепани на истиот начин од две полициски колони.
(…)
Сексуални односи со притворенички во Гази Баба
(…)
Давид, 22-годишно момче, исто така од Сирија, раскажал дека двајца стражари го тепале со полициски пендреци по целото тело и по лицето, му ги раскрвавеле усните, и сето ова се случило на првиот ден кога дошол во центарот во Гази Баба, лани во октомври.„Еден од мигрантите се обиде да избега. Толку многу го истепаа што едноставно го довлечкаа до тушот и му пуштија ладна вода. И потоа пак го фрлија во собата. Тој не се помрдна во наредните две недели и можеше да се види крвта во ходникот“, раскажал Давуд што видел во Гази Баба и им објаснил на претставнитие на ХРВ дека 55 дена во центарот му биле најлошиот период во животот.
(…)
Во Центарот за мигранти жените се држат одвоено од мажите и затоа МВР ја уверувало ХРВ дека само полицајки работеле во женското крило во Гази Баба. Сепак, три жени, еден маж и еден поранешен чувар во центарот на „Хјуман рајтс воч“ им откриле дека често мажи-чувари оделе во женското крило, особено навечер.
Фатима, 24-годишна Палестинка од Сирија, која била четири месеци притворена, во периодот од јануари до мај 2015, сведочела дека стражарите се однесувале кон притвореничките „како да не се човечки суштества“.

Условите во Прифатниот центар во Гази Баба во јануари годинава, пред истиот да биде затворен под притисок од меѓународната заедница и од невладините организации
„Тој влезе во собата, дојде до неа и ѝ удри шлаканица. Не еднаш, тој ја удираше со двете раце постојано и ѝ стави лисици на рацете. Нејзината 16-годишна ќерка се обиде да се вмеша и тогаш тој ја удри и девојката и неа и ѝ стави лисици. И цело време тој ги навредуваше“, раскажала Фатима.Ламија, 43-годишна Палестинга од Сирија, која била во притвор 72 дена од октомври до декември 2014, раскажала дека стражарите знаеле пијни да дојдат во женското крило за да ги бројат.
„Некогаш се обидуваа и да нè допираат“, се исповедала Ламија.
Поранешниот чувар во центарот за „Хјуман рајтс воч“ изјавил дека два-тројца негови колеги се фалеле оти имале сексуални односи со притворенички.
„Ми викаа дека ако сакам, може и мене да ми средат. Не се криеја, беа горди на тоа“, објаснил ексстражарот.
Дваесетгодишната Сиријка Асма рекла дека еден од стражарите секојдневно ја допирал за косата, ја штипкал за образите и ја допирал за рамењата и на грбот.
Текстот во целост прочитајте го тука
Извештајот на Хјуман рајтс воч во целост прочитајте го тука