Аферата Телеком сведочењата за земање провизии и големи пари на лидерот на ДУИ Али Ахмети и вториот негов човек Муса Џафери, политичките пазари со Груевски, е она што ја прели чашата и пукање на ДУИ . Командантите, тоа крило дефинитивно се одвојува и го оставаат тендер крилото на ДУИ да тераат до крај со Никола Груевски. „Единството“ е новото име на партијата на чие чело со генералот на ОНА Гзим Острени, најстарот од командантите и тука се еден куп побуните функционери на ДУИ , кои не се согласуваат со политиките и особено криминалите на раководството.

Како што информираат за ”Лајм” извори блиски до оваа инцијатива, веќе започнале со собирање на 1.000 потребни потписи за официјално регистрирање на субјектотот.
Од инцијативниот совет информираат екслузивно за “Лајм” дека името на партијата ке биде “Унитети” (Единство). Иницијативата на терен ја води пратеникот на ДУИ, Зулфи Адили, но зад неа стои бившиот командант на штабот на ОНА, и долгогодишен генерален секретар на ДУИ, Гзими Острени, кој најверојатно ке биде и претседател на партијата.
Членовите на основачкиот совет на оваа партија почнале да остваруваат средби со сите функционери на ДУИ, освен со Али Ахмети, Муса Џафери, Абдулаким Адеми и Артан Груби, барајќи од нив да им се приклучат.
Во овој пакет не е исклучено лидерството на Хазби Лика, ниту пак доближување и на Зијадин Села кој исто така претходно му удри нога на веќе излитениот и потрошениот Мендух Тачи.
Официјална причина за формирање на оваа партија е недостигот на реформи во ДУИ, но неофицијално, станува збор за незадоволство од големото влијание во партијата на Муса Џафери и Абдулаким Адеми и аферите кои се повеќе се отвораат околу Ахмети и неговите пајташи. Кумановскиот случај е исто така донра причина, поради работењто зад грб на Ахмети со Груевски.
Синоќа Али Ахмети беше виден на отворањето на новата ТВ 21 на албански јазик, чиј прв човек е неговиот бивш министер Ваљон Сарачини, а беше опкружен со скопското крило на ДУИ и неговите градоначалници, кое во партијата знаат да го наречат и тендер огранок на ДУИ.