Американскиот рапер Снуп Дог најави дека пушта онлајн платформа која има амбиција да се претвори во вистинска енциклопедија на канабисот. Сајтот merryjane.com, кој ќе се финансира со приходи од реклами

. Официјалното пуштање на сајтот е предвидено за октомври. Снуп Дог го опишува сајтот како “вистинска енциклопедија на светот на канабисот”, извор на онлајн информации за видовите марихуана, онлајн апликација за местата на кои може да се купи легално, како и љубопитни информации, вклучувајќи домашни рецепти со канабис. Снуп Дог веќе инвестира оваа година во компанија за испорака дома на марихуана за медицински цели.