Повторно протест пред Собрание, граѓаните бараат измена на Законот за амнестија

од desk3
143 прегледи

Граѓанската иницијатива за донесување закон за амнестија на осудениците и денеска протестира пред Собранието.

Protest-sobranie-amnestija

Како што велат граѓаните што протестираат, Владата има време до утре да испрати известување до Државната изборна комисија дека треба да дозволи да се соберат 10.000 потписи за да се поднесе амандман до Собранието за измена на Законот за амнестија.

Една од измените што оваа граѓанска иницијатива ќе ги бара во амандманот што сака да го поднесе е намалување на казните за 40 отсто.

 

МЕТА