Утре доаѓа редот и на “медиумите”- работните групи на партиите ќе ги чујат и медиумските организации

од desk3
76 прегледи

Утре ќе започне да “се крои медиумската сфера” меѓу најголемите партии во Клубот на пратениците. Сите страни ќе предложат кои медиумски организации ќе бида повикани. Како што дознава локално.мк , поканети се  сите новинарски здруженија. Ќе има најмалку три средби, а на првата ќе учествуваат Самостојниот синдикат на новинарите (ССНМ), ЗНМ, МИМ, МАН, Метаморфозис Центар за развој на медиуми други медимски организации.

медиуми

Од Здружението на новинари за МЕТА велат дека се поканети на средбата на политичките партиии дека имаат предлог за решавање и за излез од сегашната состојба во медиумите.

– Прво ќе побараме да се решат сите 25 инциденти што се поврзани со новинарите. Мора да се пронајде одговорниот за тоа и да биде соодветно санкциониран. Втората работа е проблемот со финасирањето на медиумите. Ќе побараме да се прекине владиното рекламирање во сите медиуми и да се забрани политичкото рекламирање. Има други начини ако сака Владата да им помогне на медиумите. Исто така, ќе понудиме начин како да се деполитизира МРТВ, со тоа што ќе предложиме програмскиот сервиис да се избира со двотретинско мнозинство во Собранието, а не како досега, со просто мнозинство. Исто така, многу битно е да се најде начин на стабилен извор за финансирање на јавниот сервис – вели Насер Селмани, претседател на ЗНМ.