Очевидец на настанот кој случајно се нашол на местото кога полицец усмрти возач од Св.Николе, а сакал да остане анонимен за НОВА раскажува дека сега убиениот Далибор бил нервозен и почнал расправија со велосипедистот кој му се испречил во тесната улица. Во истиот момент тука се нашол и полицаецот кој дошол да го легитимира.
Очевидецот вели дека не е точно дека сакал да го прегази полицаецот, туку во моментот кога му се приближил полицаецот, тој тргнал со Ладата, а возилото му избегало од контрола, на страна бидејќи бил пијан. Според верзијата на момчето очевидец, полицаецот тргнал кон него за да го извлече од од возилото.
„Полицаецот го држеше и се обиде да го извлече од возилото, вратата беше отворена. Ладата тргна, а полицаецот се влечеше со отворена врата. Во еден момент падна, стана, го извади пиштолот и му пукаше во грб, во плешката“, вели очевидецот за НОВА.
Далибор ранет, наведнат над воланот продолжил да вози до амбуланатата која била одалечена на 150 метра од местото на настанот. Успеал да стигне до паркингот на амбулантата и починал. Веднаш притрчала медицинска екипа, но не можеле да сторат ништо.
Повеќе ТУКА
