Њујоршкиот суд прифати дали и македонскиот?- Богоевски утре во обвинителството за ,,Маѓар Телеком”

од Vladimir Zorba
103 прегледи

Слободан Богоевски утре е повикан да сведочи за случајот Телеком пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврдија за Телма од прес службата на Обвинителството.  Богоевски кој е на издржување затворска казна во Кумановскиот затвор за друг случај, за кој се погласно се зборува дека е монтиран токму за да се спречи оваа сведочење, утре треба да го даде својот исказ   откако Обвинителството отвори предмет по неговата изјава дадена за Њујоршкиот суд во кое наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито од Маѓар Телеком преку грчкиот бизисмен Кондоминас.

slobodan-bogoevski

Сведочењето на Богоевски за Њујоршкиот суд беше јавно објавено и во него поранешниот разузнавач тврди дека документите за матните игри во Телеком ги доставил преку посредник и до премиерот Груевски уште во 2008 година, како и дел до некои медиуми и невладината Транспарентост.

Богоевски во сведочењето тврди дека доскорешниот директор на УБК,Сашо Мијалков барал мито од Кондоминас за да се повлече потерницата по грчкиот директор во Телеком Кефалојанис. Богоевски во таа изјава наведува дека поранешниот премиер Бучковски, вицепремиерот Муса Џафери и лидерот на ДУИ Али Ахмети добиле мито секој по 2,5 милиони евра за да се спречи влез на трет мобилен оператор во Македонија.

Сите спомнати во сведочењето ги негираат како клевети наводите на Богоевски. Обвинителството по допрен глас од јавноста го отвори предмет за овој случај.

Локално.мк  ексклузивно го објавува документот во кој Њујоршкиот окружен суд во САД го одбива  барањето на тужените во аферата Маѓар Телеком да биде иземено сведочењето на екс-разузнавачот Слободан Богоевски, поради потврдување на приложените докази во истото.12000010_10153629847564932_1127670930_n

На тужените Елек Штрауб, Тамас Морваи и Андреас Балог ќе им биде пресудено врз основа на исказот на сведокот Богоевски во кој се содржани 240 докази.

Во заклучокот потпишан од судијата Ричард Џ. Саливан се наведува:

„Од горенаведените причини, СО ОВА СЕ НАРЕДУВА ДЕКА барањето на тужените целосно да се избрише сведочењето на Богоевски се ОДБИВА. Сепак, во случај страните да не се во можност да добијат одговори од Богоевски на прашањата што тој претходно не успеа да ги одговори, тужените можат да побараат налог за негативен заклучок во врска со тие прашања. Од аспект на фактот дека фазата на разоткривање е завршена, во врска со овој случај, ПОНАТАМУ СЕ НАРЕДУВА ДЕКА ако некоја од страните поднесе барање за пресуда без образложение, таа страна ќе го достави писмото за барање пред судење не подоцна од 21 август, 2015 година, во согласност со индвидуалните практики на судот. ИСТО ТАКА СЕ НАРЕДУВА дека секакви одговори на писмото со барање пред судење ќе биде доставено до 28 август 2015 година.

КАКО ШТО Е НАРЕДЕНО.

Датум: 11 август 2015

Њујорк, Њујорк                                                                                            Ричард Џ. Саливан

Окружен судија на Соединетите Држави“

12016601_10153629847489932_896877336_n

Во продолжение ексклузивно е  приложувен   оригиналниот документ во кој судот го образложува својот став за потврда и веродостојност на сведочењето на Слободан Богоевски во случајот Комисија за хартии од вредност против Елек Штрауб, Тамас Морваи и Андрас Балог -сите извршни лица во Маѓар Телеком, ПЛЦ, странска компанија јавно продадена преку Американскиот Депозитар наведена во Њујоршката берза која што поднесува извештаи до Комисијата за хартии од вредност. Се наведува дека тие биле активни во измама со подмитување на владини службеници во повеќе земји за да блокираат влез на пазарот на конкурентски телекомуникациски компании.

 

Погледни го целиот документ  ТУКА.