Богоевски за некој час ќе сведочи во Обвинителство за „Маѓар Телеком“

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски денеска во 9 и 30  е повикан пред македонското Обвинителство да сведочи за тврдењата кои ги даде пред амеркиканскиот суд за случајот „Маѓар Телеком“ slobodan-bogoevski

Богоевски кој е на издржување затворска казна во Кумановскиот затвор за друг случај, за кој се погласно се зборува дека е монтиран токму за да се спречи оваа сведочење,   и за да тој се девалвира и како сведок и како личност и професионалец во кариерата, со силно полициако обезбедување треба да биде донесен во 9.30 , соопштуваат анонимни извори од Обвинителството.

Тој треба да го даде својот исказ   откако Обвинителството отвори предмет по неговата изјава дадена за Њујоршкиот суд во кое наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито од Маѓар Телеком преку грчкиот бизисмен Кондоминас.

Обвинителството отвори предмет по допрен глас откако њујоршкиот суд го прифатил сведочењето на Богоевски  за веродостојно, дека актуелни и поранешни функционери примиле мито од „Маѓар Телеком“ преку грчкиот бизнисмен Кондоминас.

Инаку,  од тимот на обвинетиот Богоевски посочувааат дека и случајот „Агент “, по кој Богоевски заврши во затвор, треба да биде во надлежност на специјалната обвинителка.

– „И самата содржина  на Обвинението и пресудите во случајот „Агент“ неспорно упатуваат на истите актери на коруптивниот скандал Телеком.Ова е само монтиран политички процес на Мијалков, вели одбраната на Богоевски, за да се елиминира како главен сведок и да се дискредитира како личност и сведок пред американскиот суд“. Т.елеком е дел од бомбите на Заев, што значи дека и „Агент“ по кој Богоевски сега е на издржување на казна затвор влегува во предметите на специјаната обвинителка“,велат тие

Слични написи:

Њујоршкиот суд прифати дали и македонскиот?- Богоевски утре во обвинителството за ,,Маѓар Телеком”

Усвоено сведочењето на Слободан Богоевски пред американскиот суд

Либертас: Мијалков се фалел дека тој е најмоќен во државата и, според Богоевски, му побарал 2,5 милиони евра на Контаминас