Д-р Мустафа: Муса Џафери ми кажа, ако зборуваш, ништо не добиваш, само ќе одиш во затвор

од desk3
87 прегледи

Инвеститорот во медицинскиот бизнис доктор Адил Мустафа , откако беше пуштен од тетовскиот затвор, денеска јавно обвини дека се работи за политички монтиран случај против него. Како што соопшти, никој досега не го известил дека има за плаќање казна од 1.700 евра. Тоа се случило само неколку часа по пресот каде тој обвини за измама, мито и корупција при неговото инвестирање во приватна болница во Македонија.

adil_mustafa_0

“Во понеделникот на прес-конференција обвинив за измама, мито, корупција, опструкција и после тоа кога патував за Тирана заедно со мојата ќерка, ме уапсија. Ќерка ми остана на граница, а мене ме однесоа во затвор како најголем криминалец. За моето апсење интервенираа меѓународните фактори, американската амбасада и народниот правобранител. Причина е некоја казна од 1.700 евра што ме казнила банката. Јас не ја добив таа казна и за тоа не сум ја платил. Јас не дојдов во Македонија да фрлам 10 милиони евра и да одам во затвор. Тоа е политички монтиран случај. Зошто не ме уапсија до тогаш, туку тој ден по пресот. Муса Џафери ми кажа, ако зборуваш, ништо не добиваш, само ќе одиш во затвор. Али Ахмети е жртва на Муса Џафери” – посочи Мустафа.