За што сведочел Богоевски на вчерашното долго сослушување?

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Екс разузнавачот Слободан Богоевски четири часа давал исказ за случајот „Маѓар Телеком“, тоа е ударната  вест откако беше спроведен од кумановскиот затвор каде се наоѓа на издржување казна за случајот „Агент“, кој се случува некако во исто време со сведочењето пред американскиот суд

119244 (1)

Во скопското јавно обвинителство за организиран криминал и корупција каде што го даде својот исказ како клучен сведок за предметот кој доби меѓународни димензии, Богоевски , според  непотврдени анонимни  извори од обвинителството,  не сакал да го повторува целтото сведочењето и рекол дека стои зад се што  изјавил пред американскиот суд , и им посочил да си го прочитаат, целосно бидејќи истото е објавено  и проверено во домашната и странска јавност.   Засега останува  во тајност што всушност  кажувал  Богоевски  и кои други сведоштва соопштувал пред македонските истражни органи, или  на што го потрошил времето од 4 часа сведочење ? Официјално од  Обвинителството, во интерес на истрагата, не откриваат детали  Оттаму велат дека, во зависност од текот на оваа предистражна постапка, ќе донесат одлука дали ќе се повикуваат и други сведоци,  и кога  и дали ќе може да се споделуваат информации . Останува и дилемата дали воопште ќе биде покрената истрага, или се тоа ќе биде спакувано само во рамките на предистражни дејствија.

Сведочењето на Богоевски доаѓа откако Обвинителството пред десетина дена отвори предмет по допрен глас по неговата изјава дадена за Њујоршкиот суд а беше јавно достапно во август. Во тој исказ тој наведува дека на актуелни и на поранешни функционери во 2005 година им било исплатено мито од „Маѓар Телеком“ преку грчкиот бизнисмен Димитрис Кондоминас.

Тој посочува и дека во скандалот, освен грчкиот бизнисмен Кондоминас, биле инволвирани поранешниот премиер Владо Бучковски, лидерот на ДУИ, Али Ахмети и вицепремиерот Муса Џафери и дека во три наврати биле исплатени по 2,5 милиони евра.

Поранешниот премиер Владо Бучковски го негираше исказот на Богоевски, а Али Ахмети и Муса Џафери од ДУИ, најавија тужби. По завршувањето на сведочењето Богоевски повторно со полициска придружба беше вратен назад во затворот во Куманово каде ја издржува казната за случајот „Агент“.