Призма: Мијалкови отворија фирма за градежништво и трговија

од desk3
155 прегледи

Фирмата на синовите на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, „Бест веј инвестмент“ ДОО е отворена во понеделникот, а за директор е поставен Илија Тозија, член на надзорниот одбор на Државна видеолотарија на Република Македонија Касинос Аустриа-јави Призма.

Двајцата синови на Сашо Мијалков, ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), отвориле фирма за градежништво, трговија и услуги. Документите од Централниот регистар говорат дека фирмата „Бест веј инвестмент“ ДОО била формирана во понеделникот, на 21 септември.

best inv 1

Како сопственици на новоотворената компанија се јавуваат двајцата синови на бившиот шеф на УБК, 21-годишниот Јордан Мијалков и вториот малолетен син за кој како законски застапник се јавува сопругата на Мијалков, Александра.

sopstvenici best vej

Приоритетна дејност на фирмата според шифрата наведена во документот од Централниот регистер е „советување во врска со работењето и останато управување“, а евидентирани се и дејности во надворешниот промет. Според документите, фирмата на семејството на Мијалков се наоѓа во центарот на Скопје, на улицата „Орце Николов“.

Повеќе ТУКА