Обама ќе го прашува Путин за сирискиот поход и ИД

од Vladimir Zorba
97 прегледи

Претседателот на САД Барак Обама ќе побара објаснување  од рускиот колега Владимир Путин како Русија смета да се спротивстави на “Исламска држава”, како го  зголемува военото присуство во Сирија, пренесоа агенциите, повикувајќи се на претставници на Белата куќа.

обама
Има многу за дискусија и сега е времето Русија дасе изјасни  по прашањето како точно предлага да биде конструктивен соработник на веќе постојната меѓународна коалиција, изјави за новинарите советничката на американскиот претседател Барак Обама за Русија Селена Уолндер.
Средбата меѓу претседателите на Русија и САД ќе се одржи во понеделник попладне на маргините на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Уолндъе изјави дека Обама ќе се заложи пред Путин Русија да го почитува преземените во февруари обврски да ја повлече армијата од Украина до крајот на годината.

Обамапланира  да разговара и со кубанскиот претседател Раул Кастро во одреден момент за време на средбата, соопшти уште Белата куќа