Повеќе од стотина луѓе се собраа денеска на пладне во центарот на Свети Николе пред општинската зграда за го изразат својот револт поради убиството на 33-годишниот Даниел Илиевски, кој беше застрелан од полицаец во грб- информира НОВА.
Граѓаните од ромска националност, спонтано организирани, на протестот за нивниот сограѓанин, кој е исто така Ром, извикуваат „Правда за Џери“, „Нема правда нема мир“, „Одете во пеколот“.
Даниел беше убиен пред два дена од страна на полицаец кој дошол да го легитимира, додека тој се расправал со велосипедист кој му се испречил на патот пред неговото возило. Според официјалните информации од Обвинителството, Даниле во пијана состојба се обиудел да го прегази полицаецот.
Очевидец пак вели дека не е точно дека сакал да го прегази полицаецот, туку во моментот кога му се приближил полицаецот, тој тргнал со Ладата, а возилото му избегало од контрола, на страна бидејќи бил пијан. Според верзијата на момчето очевидец, полицаецот тргнал кон него за да го извлече од од возилото.
Повеќе ТУКА
