Германскиот канцелар Ангела Меркел потсети на општото чувство кое е доминантно во Германија во моментот на нејзиното обединување во 1990 година и истакна дека денес тоа може да и помогне на земјата да се соочи со предизвикот на интеграција на бегалците, пренесе Франс прес.
“Германското единство беше нешто многу посебно “, потсети Меркел во неделното радиообраќање, емитувано преку интернет.” Во тоа време ние покажавме дека кога сме соочени со дефинитивниот развој на работите, ја имаме моќта да се потсетиме.Мислам дека сега ние ќе можеме да се сетиме за она општото чувство, имено чувство дека кога сме соочени со голема задача, ќе успееме да се справиме со неа “, изјави Меркел, алудирајќи на големите напори, кои ќе треба да ги вложи Германија, за да се справи со интеграцијата на мигрантите.
Таа истакна дека во Германија има луѓе кои се посветени на интеграцијата на имигрантите, сакаат да ја постигнат и ќе го сторат тоа. Во земјата се очекува до крајот на годината да дојдат меѓу 800 000 и 1 милиони кандидати за азил. Во периодот јануари – крајот на јули оваа година во Германија 256 938 лица побараа азил, од кои 55 587 тврдат дека се од Сирија.