96
Околу 30 илјади странци од околу 100 земји се упатија во Сирија и Ирак од 2011 година, за да се приклучат на терористичката организација “Исламска држава”, пишува The New York Times.

Според изданието американските специјални служби имаат предвид дека операцијата на меѓународната коалиција против “Исламска држава” не го намали протокот на странци кои сакаат да се приклучат на терористите.Според разузнавањето на САД бројот на новите борци кои се приклучиле на “Исламска држава” оваа година е 15 илјади . “Исламска држава” денес е една од најголемите закани за светската безбедност. Според различни податоци во нејзините редови се борат меѓу 50 и 200 илјади терористи.