Како би изгледала Барса во првенство на Каталонија?

од desk3
80 прегледи

По изборите, кои се одржаа во неделата во Каталонија и добиените резултати се повеќе се зборува за независноста на областа. Партиите кои се изјаснуваат за независност на Каталонија од Мадрид, освоија апсолутно мнозинство од местата во парламентот на покраината.

638-397-katalunia
Успехот во регионалните избори тие ги толкуваат како мандат да ја поведат богатата шпанска област кон отцепување. Исклучителната излезноста достигна 77%, штоги надминува со 10 поени последните регионалните избори во 2012 година, што е рекорд за овој вид гласање во регионот. Така лидерот на партијата победник “Заедно за “да”- Артуро Мас се пофали дека може д гласањето да премине во референдум.

Мас вети дека во случај на победа, тој и неговите сојузници ќе ја поведат Каталонија кон независност во 2017 година или подоцна.

При евентуално прогласување независност од страна на Каталонија тоа практично ќе значи дека тимовите од оваа област автоматски ќе бидат отстранети од Шпанската фудбалска федерација и ќе треба да формираат своја лига.

Барселона и Еспањол ќе бидат тимовите со најмногу титули во евентуалното фудбалско првенство на Каталонија.

Останатите тимови кои би нашле место во лигата во моментов играат во пониските дивизии на шпанскиот фудбал.

Во Сегундо дивизион во моментов наоѓаат место тимовите на Жирона и Сабадеј.

Другите тимови кои би учествувале во една хипотетичка лигата на Каталонија се Монтаниеса, Асколи, Гранојерс, Јагостера, Оспиталет, Сант Андреу, Бадалона, ​​Гава, Јупитер, Настик, Јеида, Фигуерес, Корнети, Прат, Олот и Реус.

Каталонското првенство сепак нема да биде воопшто конкурентно ниту од спортска ниту од економска гледна точка.

Од економска гледна точка играчите како Луис Суарез, Лионел Меси и Нејмар не би биле конвертибилни на фудбалскиот пазар во Каталонија.

Во исто време Шпанија се загрижува од можноста да загуби една од фудбалските брендови. Покрај тоа, земјата може да загуби уште многу светски и олимписки шампиони во пливање, кошарка, МотоGP и др. Независност на Каталонија исто така може да предизвика реакција и во Баскија.