Досега се сметаше дека на Марс има само мраз на северниот и јужниот пол, како и дека има помалку испарувања, сега веќе има докази кои укажуваат за проточна вода, вели во својата анализа астрономот Камен Козарев. За можноста за живот на Марс астрономот разјасни дека нашиот живот е базиран на кислородот, а истражувањата на Црвената планета покажале дека има помалку кислород. Има непосреден проблем со исчезнувањето на атмосферата, поради прекин на сончевата плазма од магнетното поле.

Следната цел според астрономот е наоѓање на метан, кој е поврзан со циклусот на нашите организми. Тој треба да биде баран според него покрај течната вода, каде веројатно има микроби, кои треба да го создадат. На прашањето врз што се потпираат постојаните легенди дури и во минатото поврзани со евентуални разумни суштества – марсовци, Козарев одговори дека најверојатно тоа е последица на набљудувањата на Марс со телескопи, преку кои се виделе кањони со правилна форма, и ја врзала приказната дека тоа го создале и обработиле некои суштества од разумна цивилизација.